Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

МИХАИЛО АРСЕНСКИ

Македонскиот тенор Михаило Арсенски веќе две децении живее надвор од земјава. По завршувањето на постдипломските студии во Америка, во конкуренција на 500 кандидати (од кои одбрале само пет) станал член на оперското студио на Париската опера. Десетте години поминати со најдобрите режисери, корепетитори и настапите со најдобрите оперски пејачи на денешницата било непроценливо искуство.                                                   Девет сезони настапуваше како гостин на сцените на оперите „Бастиле“ и „Гарниер“. Моментално живее во Минхен и повеќе е концентриран на педагошката работа, иако одржува и солистички концерти со изведба на соло-песни.

 
Подготвила: Д. Ангелова