Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ВАСИЛ ДУКОВСКИ

Васил Дуковски е еден од најистакнатите македонски кларинетисти, кој моментално живее во Њујорк и интензивно настапува на сите континенти.

Дуковски е еден од најбараните инструменталисти на помладата генерација. Покрај неговото мајсторство на кларинет, исто така, тој е виртуоз на повеќе инструменти, како што се: саксофон, ерменски дудук, гајда и многу други средноевропски перкусивни инструменти.
Застапник на авангардниот слободен стил и на современата класична музика, Дуковски соработува со водечките композитори на денешницата: Џон Корлијано, Џон Адамс, Георг Фридрих Хас, Хелмут Лахенман и многу други. Во изминативе шест години, Дуковски има нарачано и инспирирано повеќе нови дела напишани специјално за него, а исто така премиерно има изведено над 100 композиции со повеќе состави за нова музика.
 
Подготвила: Д. А.