Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Омер Џемали

 
Д-р Омер Џемали е роден во тетовското село Теарце на 4 јули 1970 година, каде што го завршил основното образование. Средното образование го завршил во Тетово, во средното медицинско училиште. Во 1990 година е запишува во Медицинскиот факултет во Сараево. Медицинскиот факултет Johannes Guetenberg University-Mainz во Германија  го завршил во 1999 година. Во 2001 година го заавршил на Универзитетот Јоhannes Guetenberg-Mainz во Германија со дипломска работа: Correlation of endoanal sonography with cros-sectional anatomy of the sphincter. По завршување на дипломската тема, се вработува на Универзитетската клиника во Франкфурт. Во 2006 година специјализира по областа на кардиохирургија и торакална хирургија. Во 2009 година ја одбранува темата за хабилитација (или работите за PhD). Во иста година е избран за доцент на предметот на хирургијата на срце и торакална хирургија  при Универзитетската клиника. Научните работи на Омер се испечатен на 50 научни артикли на светските реномирани медиуми. Исто така учествува на многу конференции и симпозиуми во Европа, САД и Азија. Во 2007 година ја добил наградата за научна работа по кардиохирургија “Hans Borst”од германското, австриското и швајцарското друштво.
 Омер Џемали е член на Германското друштво за хирургија-DGTHG, на Швајцарското друштво за хирургија-SGTHG, на Европското друштво за хирургија-EACTS и на Интернационалното друштво-СТSnet.
Од Spital Triembli во Швајцарија добил понуда за работа како оператор и раководител на одделот за кардиохирургија и е назначен за заменик на шефот на одделот на хирургија.
Член е на Хуманитарното друштво “Tearce”, кое ги подржува сите активности што се за хумани цели во родното место и во Швајцарија.