Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

АНДРИАНО ЏЕЛАДИН

Андриано Џеладин, скопјанец, 14 години живее во Париз, е вклучен во ТВ бизнисот. Тој е претседател на првата ромска телевизија отворена во ЕУ која емитува 24-часовна програма на ромски јазик. Засега има 17 вработени, а целта му е преку телевизијата, како што истакнува, да се развива ромскиот јазик и култура. – Имам амбиции мојата телевизија да биде Си-Ен-Ен на Ромите низ целиот свет, со претставништва насекаде во светот, почнувајќи од Балканот, вели Џеладин.