Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

НАТАША И НОЛА ГЕРЕТ

Едната е американска снаа, а другата е македонска свекрва. Освен семејството, двете ги поврзува поезијата. Тие неколку години работат заедно на превод на македонска поезија во градот Питсбург во американската држава Пенсилванија.

Наташа Герет е Македонка која се преселила во Америка во 1993 година. Таму пред десет години го запознала својот сопруг. Дипломирала англиски јазик и книжевност и докторирала на Универзитетот во Питсбург. Свекрвата на Наташа, Нола Герет, пак, е професор по литература на Универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија.
Преводите почнале пред десетина години кога таткото на Наташа предложил неговата ќерка да преведе песна од Радован Павловски за својата свекрва, за да може да ја „вкуси“ македонската поезија.
Досега Наташа и Нола заедно ја имаат преведено збирката „Бог на утрото“ на Радован Павловски и неколку песни од помлади автори. Неколку нивни преводи се објавени во литературни журнали Arts and Letters, Christian Century.
 
Подготвила: Д. А.