Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЈАНСЕН ЧАПАР

Јансен Чапар е роден во 1958 година во Скопје. Студира сликарство на ФЛУ во Скопје, следејќи ги ликовните импулси на доајените Борко Лазески и Димитар Кондовски. Од 1983 година досега имал над 80 самостојни изложби во повеќе европски центри, но најмногу во Германија, каде што живее и работи. Во 1989 година на престижниот форум АРТ во Нирнберг со свои дела ги претставува Источна Европа и тогашна Југославија. Во 1990 г. Македонската телевизија сними документарен филм за животот и опусот на Чапар. Освен со сликарство, се занимава и со скулптура и керамика, педагошка работа и публицистика.

 
Подготвила: Д. А.