Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Лили Стојановска

Проф. Лили Стојановска од Мелбурн , е вонреден професор на Универзитетот “ Викторија” од Мелбурн, Австралија. Родена е во Скопје, а од 1969 г. живее во Австралија. Извесен период има живеено и во САД. Започнала да учи гимназија во родниот град а подоцна продолжува во една од гимназиите во Мелбурн, каде завршува и Факултет за наука. Магистерскиот труд го одбранила во САД а докторира во Австралија.

Едно време работи како продекан на Универзитетот во Викторија , каде се докажува како научник и како физиолог, а моментално е директор на Интернационалните програми на Факултетот за инжинерство и наука при Универзитетот “ Викторија”, како и вршител на должноста директор на Центарот за биопроцес и технологија на храната.

Лили Стојановска цели 12 год. била уредник и водител на Македонската програма што се емитува преку Државното радио во Мелбурн. Била водител на бројни приредби, фестивали и манифестации и е една од поактивните интелектуалки на македонската колонија во Австралија и пошироко, која и како жена и како научник и професор, ја афирмира Македонија и нејзиниот народ.