Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЕЛЕНА ДРВОШАНОВА

Елена Дрвошанова алијас Елен Џени е родум од Струмица и веќе 13 години живее и работи во Франција.

Нејзиниот нов музички проект содржи пет песни, чиј продуцент е Раис Тијани, познат марокански пејач, композитор и продуцент. Освен него, во екипата на Елен е и Фарид од продукцијата „Азил“. Својот нов музички проект го снима на македонски јазик и ќе престојува во Македонија за снимање на видеозапис за песната „Длабока болка“, додека спотот за „Ти си мој“ целосно ќе биде завршен во Париз. Ќе снимаат на локации во Скопје и во Струмица, а ќе бидат вклучени и триесетина играорци во македонски носии.
Пред да замине за Франција, Елен Џени настапувала на неколку домашни фестивали, меѓу кои „Мелфест 2000“, „Скопје фест 2001“ и други. Во меѓувреме соработува со францускиот рапер Стен Апокалиптик.
 
Подготвила: Д. А.