Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА

По дипломирањето на Академијата за уметност во Скопје, Лидија Георгиева се здобива со уште една диплома на модна дизајнерка од Париската школа за применета уметност „Dipere“, како стипендистка на француската Влада, со препорака од светски реномираниот Christian Lacroix.

Првиот ангажман и е во куќата за висока мода „Pierre Balmain“, а потоа работи за луксузната модна куќа „ROCHAS“, како дизајнерка на коктел-колекции. Пред 13 години го лансира својот бренд, со концепт на мали серии на плетени, везени и печатени уникати, и тој наидува на одличен прием во дизајнерски бутици во Франција, Јапонија, Италија, САД, а презентиран е и на ревии во Париз, Токио, Луксембург, Белград...
Георгиева е слободна дизајнерка за повеќе француски брендови: „Scooter“, „Nelly Rody“, „Poisson Rouge“, „Corinne Cobson“ и „La Chemiserie – CACHAREL“.
 
Подготвила: Д. А.