Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ТАЊА ЦАРОВСКА

Ресенчанката,Тања Царовска, со нејзиниот кадифен глас сме ја слушале во заднината на повеќе наградувани холивудски блокбастери, од „Страдањата на Исус“ и „Троја“ до домашниот „Мајки“ на Милчо Манчевски. Беше дел и од албумот „Impressions“ на Крис Боти, кој минатата година доби „Греми“ за најдобар инструментален албум. Функционирајќи на релацијата Британија - Македонија, соработува со повеќе врвни музичари и филмаџии, врз чии дела остава уникатен звучен печат. Во нејзината авторска музика, пак, често се испреплетени елементи од македонските традиционални мелодии, но еднакво ќе ве маѓепса ако ја слушате како пее и на англиски и на македонски. „Вистинската инспирација удира како гром“, вели, а почитувачите на нејзината музика со нетрпение го очекуваат наследникот на албумот „No Record Of Wrong“, објавен во 2011 година.

 
Подготвила: Д. А.