Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

МИШО МИТКОВСКИ

Мишо Митковски е млад научник од Готинген, Германија. Иако е роден во Германија, тој потекнува од македонски родители. Кога дошло време за училиште, неговите родители сметаа дека е подобро да го донесат во Македонија. Така што до седмо одделение, со помош на тетинот, наставник по математика и физика, учел во Куманово, а потоа во скопско Ново Село. Откако се врати во Германија, започна неговата борба со науката. Првите научни чекори ги направил во Америка.

Во тој период било необично, момче од Македонија да се снајде првин во мормонско семејство, а подоцна во семејството на Мајк и Ненси Роач, кои ги смета за свои втори родители. Во Америка се запишал на колеџ, при што не се насочил само на биологија, туку учел и филозофија, европска и американска култура и други области. Подоцна магистрирал на Универзитетот „Ајдахо“ во Америка, а докторирал во Германија.
Тој е одговорен за едно одделение за микроскопија, кое е централно во Институтот „Макс Планк“, и се занимава со основни истражувања за ракот. Дури 50 отсто од публикациите од овој врвен Институт користат информации добиени со помош на ова одделение.
Тој веќе неколку години врши интензивни истражувања, кои имаат значително различен пристап во однос на досегашните начини и методи. Митковски објаснува дека тоа е „барање нов агол во борбата против канцерот, кој е мултисистемски проблем“, а лекот против опаката болест го бара преку енигмата на јонските канали.
 

Подготвила: Д. А.