Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

МАРКО МИЦОВ

Марко Мицов е уште еден млад Македонец, кој благодарение на својот талент, упорноста и на сериозниот пристап кон обврските, почна да гради успешна кариера надвор од границите на земјата. Тој е балетан, а моментно престојува во САД, каде се едуцира кај врвни уметници и педагози, но и настапува. Неодамна ја доби главната улога во балетот „Оревокршачка“ во Њујорк. А, се уште нема 20 години…

Од доаѓањето во САД имал можност да настапи на повеќе светски сцени, кои биле негов сон, а и се сон на поголемиот број на уметници. Играл во Garde Art Centar-NY, Mashantucket Pequot Auditorium NY, Foxwoods Theatre CT и на сцената на Boston Ballet. Неговите изведби беа во класични и во современи балети.
Во 2011 година го завршил Средното балетско училиште, во класата на д-р Соња Здравкова Џепаровски. Покрај работата и талентот на еден балетски играч, секако најважен е балетскиот педагог, кој умее и треба да го извлече максимумот.
Подготвила: Д. А.