Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

ТОДОР МИХАЈЛОВСКИ

Тодор Михајловски е роден во Скопје во 1987 од татко Зоран и мајка Валентина Михајловски. Пораснал во Скопје, каде го завршил основното образование во „Песталоци“ и средното образование во гимназијата НОВА. Иницијативата и идејата воопшто да се пресели во САД или првично таму да го заврши образованието се роди во средното училиште кое многу му помогна и го насочи во тој правец. Исто така еден од факторите кои придонесоа за неговата одлука беше тоа што неговите баба и дедо по мајчина страна живеат во едно гратче близу Мајами, кое тој во детските денови често го посетувал.

Аплицирал на повеќе места, каде што го примија, но Мајами му беше најатрактивно. Веќе 6 години живее и учи во Америка.
Тој сега има 26 години и е дипломиран биомедицински инженер и докторант на Универзитетот во Мајамина тема „Бинорал бинс“ или влијанието на различните звучни фреквенции во двете ува на самиот мозок. Веќе активно работи и на примена на неговата многу специфична и футуристичка професија како дел од компанијата „Хартвеар“ која се занимава со производство на пумпи кои се вградуваат на заболено срце. 
 
Подготвила: Д. А.