Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

КОСТАДИНКА ВЕЛКОВСКА

Костадинка Велковска е родена во далечната 1948 година во Скопје во населбата Чаир од мајка Павлина која била домаќинка и татко Благоја кој работел во државна служба. Во Скопје завршила гимназија и на факултет запишала компаративна книжевност. Во 1972 година дипломира глума на АДУ во Загреб и компаративна книжевност на филозофски факултет и почнува со работа во театарот „Марин Држик“ во Дубровник.  Во 1974 година се вработува во сатиричниот театар „Јазовец“ каде одиграла илјада претстави. Во 1980 година започнува хуманитарна работа со центарот за рехабилитација во Загреб. Истотака во 1984 година глуми во македонскиот филм „Јазол“ и учествува во уредувањето на неколку емисии во програмата на Хрватското радио.

Иако е веќе пензионирана актерка, Велковска неодамна го одржа концертот „Прегратка на Меѓумурје и Македонија“, каде што настапи во дует со синот пеејќи ја хит-песната „Македонија“ на Дадо Топиќ.