Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

ПЕТАР СТОЈАНОВ

Петар Стојанов по средното училиште РЈ Корчагин во Скопје, образованието го продолжил и дооформил во САД. Член  е на една од водечките групи во областа на бионформатиката, која се занимава со развивање нов пристап во анализата на карциномот, што претставува револуционерен пристап во основните познавања на оваа болест. Работи на Медицинскиот факултет на Харвард Универзитетот. Досега има објавено трудови во врвни научни списанија.

Со ваков опис 26-годишниот скопјанец Петар Стојанов ја опишува својата истражувачка работа во САД на познатиот Институт „Броуд“ од Бостон, една од најугледните организации во областа на биоинформатички анализи. Петар е таму веќе четири години и најнепосредно е вклучен во истражувањата кои ги раководат директорот Гед Гец и неговиот ментор Мајкл Лоренс, што една деценија се главен тренд во обидите да се најде клучот за енигмата како настанува и се развива карциномот. Зад него се веќе триесетина научни труда објавени во врвни списанија и во кои се јавува како коавтор и втор коавтор, што значи дека имал значителен придонес во изведувањето на истражувањата.
 
По девет години поминати преку океанот и снаоѓањето во друга земја, во говорот веќе му се забележуваат тешкотиите да најде македонски изрази за одредени термини. Сепак, врските со татковината се нераскинливи и признанието само ќе ги зајакне. Ни вели дека во САД заминал во 2005 година „на размена“ откако завршил третата година во гимназијата „Kорчагин“ и потоа матурирал на њујоршката гимназија „Пелам“. Својот сегашен ангажман го опишува како темелни анализи на промените што се случуваат во гените на луѓето заболени од карциономи.
 
Подготвила: А.Д.