Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

СЕМЕЈСТВОТО ТАШКИНЛАР

Двајца браќа родени во Прилеп останале сирачиња во почетокот на 20 век. Нивниот татко бил заробен во времето на балканските војни, а мајката ја загубиле додека биле многу мали. Рамиз Ташкинлар и неговиот брат во 1915 година имигрирале во Турција кај својата баба. Тие прво живееле во Алачати, потоа во Истанбул и Адапазар, пред да се преселат во Акхисар, каде што живеел нивниот чичко. Таму работеле во неговата кафеана, а потоа служеле војска во Истанбул, каде што една година, ноќе и во викендите, работеле во најдобрите ресторани во тоа време. Kога се вратиле во Акхисар почнале да ги прават познатите ќофтиња или кај нас познати како ќебапчиња, слични на тие што ги правеле и се уште ги прават во Македонија.

Тој имал четири сина и една ќерка. Бидејќи образованието го сметал за особено важно, инсистирал сите негови деца да завршат факултет. И сите завршиле. Двајца од синовите се адвокати, еден е инженер, еден е економист, а ќерка му е стоматолог. Рамиз починал во 1970 година. Но, неговите деца, кои го загубиле татка си кога биле уште малечки, го продолжиле семејното наследство. Низ годините стотици политичари, спортисти, уметници и сите што слушнале за ќебапчињата на Рамиз ги посетиле нивните ресторани. Меѓу нив биле поранешните турски претседатели Тургут Озал, Сулејман Демирел, но редовно ги посетува и турскиот политичар и актуелен премиер Реџеп Таип Ердоган.
Денес „Ќофтињата на Рамиз“ се национален бренд, со повеќе од 140 ресторани во 26 града во Турција. Во јуни ќебапчињата на Рамиз влегуваат и на европскиот пазар преку првиот ресторан во Kелн, Германија.
Подготвила: Д. А.