Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Зоран Здравевски

Зоран Здравески, името на овој 33-годишен Македонец е веке забележено во научните кругови на американскиот континент, особено по добивањето на престижната награда за претприемаштво МИТ $50К.

Големата љубов кон медицината младиот научник ја искажал уште на 15 г. кога се определил за медицинското училиште “ Д-р Панче Караѓозов” во Скопје. По пат на размена на талентирани ученици, на 17 години бил испратен во градот Темпи, САД, каде 40-дневниот престој е пресуден и тој се одлучува за својата идна професија - хемијата и биохемијата.

1988 г. се запишува на Southem Methodist University во Далас и 1993 г. се стекнува со две дипломи: Bachelor of Fine Arts in Art i Bachelor of Art in Chemistry.

Втората диплома му овозможува да стане асистент во лабораторијата на Д-р Луис Пикер во Медицинскиот Центар при Универзитетот во Далас, Тексас. Неисцрпната енергија ке му помогне веке во 2001 г. официјално да биде промовиран во доктор на науки

Наградениот тим EyeGen го сочинуваат Зоран Здравески и Сузан Беверс, доктори по биохемија на Институтот за технологија во Масачусетс ( МИТ ) и Кирил Александров, претприемач.

Повеќегодишните научни истражувања на тројцата научници вродиле со извонредно научно откритие, кое, заради големиот придонес во науката ке најде широка примена во истражувањата од областа на генетиката, биохемијата, а особено во медицинското дијагностицирање на ракот.

Откритието на тимот EyeGen наречен EyeGenRad ја обојува ДНК во црвено правејки ја на тој начин видлива за голо око.

Освоеното признание произлезено од светски признатата институција каква што е Институтот за технологија во Масачусетс, името на Д-р Зоран Здравески го вброи во редовите на светската наука а Македонија и македонската наука имаат голема причина да се гордеат со него.