Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Рене Реџепи

ЧЕТВРТИ ПАТ

Ресторанот Нома на Рене Реџепи пак најдобар во светот и за 2014
Данскиот ресторан „Нома“ е прогласен за најдобар во светот, според листата на угледното британско гастросписание „Ресторан“ и си го врати приматот од минатогодишниот лауреат, шпанскиот ресторан „Ел целер де кан рока“.
Ресторанот „Нома“ оваа титула ја има освојувано три години по ред и тоа во 2010, 2011 и 2012 година.
Списанието „Ресторан“ секоја година издвојува 50 најдобри ресторани во светот за кои одлучува жири од околу 900 гастроексперти.
Сопственикот на ресторанот „Нома“ е Рене Реџепи, иселеник од Македонија. Со својата ексклузивна кујна Реџепи успеал да го смести ресторанот „Ел целер де кан рока“, на второ место и да се врати на врвот по пауза од една година.
Синот на македонскиот иселеник, Реџепи, со години во ресторанот бил помошник готвач, а специјализиран е за јадења од пилешко. Сега готвачот се занимава со нордиската кујна.
„Деталите на кои Реџепи внимава додека готви нешто, иновативниот пристап кон храната и експериментирањето со ферментацијата, сé тоа направено со страст и љубопитност, го довело неговиот ресторан до победа“, кажаа организаторите на доделувањето на наградите.