Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Златко Василковски

Доктор по компјутерски науки од Велес низ светот раскажува за Македонија

 Златко Василковски, доктор по компјутерски науки на престижни универзитети во Америка,го посети родниот Велес и оствари средби со раководните луѓе на градот.
Златко Василкоски дипломирал физика на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј” во Скопје изработувајќи дипломска работа под менторство на професорот Виктор Урумов, а магистрирал и докторирал на Универзитетот Tufts во Бостон под менторство на професорот David Weaver.
Во текот на студите на Tufts, работел и со Alex Vilenkin на модели на космички стрингови. Потоа завршил две постдокторски студии, на MIT и на Northeastern универзитетите. Во 2010 година за неговата работа на автоматска сегментација на невроните, во конкуренција од повеќе од 170 меѓународни тимови, ја освоил првата награда на Diadem Challenge Competition, прв натпревар од таков вид организиран во светот.
Во 2011тој работеше на Harvard Medical School, а во моментов работи во Migma Systems. Во изминатите 15 години тој предавал физика и математика како привремен професор на Tufts, MIT, Suffolk, BU и Bentley.
Тој е горд велешанец кај на своите студенти во Харвард и на колегите ширум светот со љубов им раскажува за својата Македонија и за својот Велес. 50 годишниот  научнек што ги допрел ѕвездените височини на научната слава останал скромен и едноставен, останал достоен и доследен на своите корени.