Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Мајкл Дамески

Осумнаесетгодишниот Мајкл Дамески е победник на популарното танчерско шоу во Австралија „Мислиш дека можеш да танцуваш“ (So you think you can dance).

Ова е историски момент, не само за младиот танчер, туку и за македонската заедница на седмиот континет, велат нашинците кои живеат во Австралија.

Неговите родители Пецо и Неда Дамески се горди на успехот на својот син, кој почна да танцува уште од 6 години. Уште тогаш учествуваше во музичкото шоу Австралски идол, и на крајот заврши меѓу најдобрите дестемина, без некој посебен трениг. Потоа почна да тренира во „Гленда Је„ училиште за танц, па потоа се префрли во „Брент стрит студио“, каде доби шанса да ја претставува Австралија на светски шампионат во Лос Анџелес, САД. Освои злато во сите категории во кои се натпреваруваше и беше прогласен за најдобар светски млад танчер.

Тој беше дел и до фестивалот „Златно славјче“, каде ја испеа песната „Еден танц“ специјално напишана за него.Во 2008 година стана дел на бродвејската продукција, музичкото шоу на Били Елиот во Мелбурн и Сиднеј. Во 2010 заминува на американска турнеја.

Добитиник е на наградите за најдобар австралиски денс артист за 2009 година, а беше награден и за главната машка улога во мјузклот на Били Елиот.

 

 

 

Подготвила: Д. А.