Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

ПОЛ УНЕРКОВ

Пол Унерков, Македонецот со 20-годишно искуство во автомобилската индустрија ја презеде позицијата на главен извршен директор на Моторната трговска асоцијација на Јужна Австралија. Тој е роден и пораснал во Јужна Австралија. Поминал 23 години во Мицубиши, каде што успеал да се искачи на позицијата, заменик- претседател за клиентите и брендот. Како дел од производствените погони на Мицубиши, и како човек кој бил вклучен во продажба на мало смета дека стекнал искуство и знаење кое ќе му помогне за успешно извршување на новите обврски. Тој ја напушти компанијата Мицубиши  во 2013 година и од тогаш работи како приватен консултант на бренд менаџментот. Тој исто така работел со мали бизниси помагајќи им да прераснат во брендови. Претседателот на МТА, Невил Гиб, рече дека организацијата со нетрпение очекува да го искористи искуството на г-дин Унерков. Според  г-дин Гиб - " Неговате позадина како висок менаџер во мало автомобилскиот сектор во комбинација со неговите последни консултациски искуства, како и  фокусирањето на бизнисот за раст и развој на менаџерските тимови, е од клучно значење за МТА да се движи напред." Индустријата се соочува со многу предизвици, а г-дин Унерков сака да ја зајакне МТА со многу успешна обука. Во моментов постојат повеќе од 500 луѓе кои се планирани за обука и според него во земјата секогаш постои услов за квалитет, и добро обучени луѓе. Унерков го заменува Џон Чепмен како главен и извршен директор.

Подготвила: Д. А.