Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Јова Радевска

Македонската пејачка Јова Радевска, која веќе десетина година живее во Лондон, е сѐ поприсутна на тамошната музичка сцена.

Неодамна сними видеозапис за песната „Press Play“, кој се емитуваше и на регионалниот музички канал Ем-ти-ви.

Таа е автор на песната, а во реализација соработуваше и со познатите музичари Џое Чери и Кристоф Скрил.
Радевска влезе во светот на музиката преку учеството на неколку детски фестивали, настапот на „Охрид-фест“ и на домашниот избор за песна на „Евровизија“. По завршувањето на средното образование во Гевгелија замина за Лондон, каде што се запиша на музичкото училиште „Вокал тех“. Во британската престолнина го издаде и својот прв албум „Hourglass Diary“, а нејзината песна „Here & Gone“ беше прогласена за хит на неделата на тамошните радија. 
Песната „Home“ прозвучи во филмот „Хоум гроун“, додека песната „Be Happy“ е издадена на цедето на познатото музичко списание „Билборд“.

 

Подготвила: Д. А.