Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

САМИ ОСМАН

Сами Осман е првиот избран советник, со македонско потекло во општинската власт на градот Дуисбург, Германија. Ром, според етничката припадност, четири децении е преокупиран со театарската работа, со режијата, глумата и драматургијата. Бил директор на театарот на Ромите „Пралипе“ од 1975-1997 година, кој е формиран во Скопје, но продолжува да работи во Германија и за кусо време го освојува поширокиот европски простор. Социјалистичката партија на Германија му понудила да биде нивен кандидат за советник на последните избори. Вели не погрешил што прифатил зашто извојувал убедлива победа.
Пред 17 години заминал од Македонија, поточно од населбата „11 Октомври“ во Скопје, каде што пораснал кај позната Чешма во Кисела Вода.

За него, театарот не е забава, не е само естетика или само уметност. Театарот има свој ангажман и ако тој е огледало на животот, тогаш тој треба да ја перципира и коментира политичката состојба во локална или во глобална смисла. Театарот е дежурна опозиција во позитивна насока. Сами Осман сега е советник за ромски прашања и активности на ромската младина.

Има два сина, едниот има 32 години и заврши училиште за хотелиерство и работи во еден многу познат синџир хотели, додека помладиот син студира интернационален бизнис-менаџмент.

Подготвила: Д. А.