Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

АТАНАС КИРЈАКОВСКИ

На својата 31-годишна возраст, Атанас Кирјаковски, родум од Тетово, веќе седум години живее космополитски живот во Кобе, Јапонија. Во март 2014, тој докторираше на Универзитетот во Кобе, на тема нумеричка когниција од областа на когнитивната (спознајна) психологија и по едномесечниот одмор во Македонија, се врати во Јапонија да продолжи со своите постдокторски истражувања. На истиот Универзитет каде што ги заврши постдипломските студии, продолжува со истражувањата, со статус на професор – истражувач.
Освен докторската титула, Атанас во Јапонија се стекнал со солидно познавање на јапонскиот јазик и употребата на нивните две фонетски писма: хирагана и катахана. За третото, традиционално логографско писмо – канџи, вели дека и Јапонците полека избегнуваат да го употребуваат. 
Студира
л комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово. Пред крајот на студиите, Министерството за наука и образование на Македонија објави конкурс за стипендија на јапонското Министерство за наука, спорт, образование, култура и технологија. Аплицирал за таа стипендија и откако ја добил, по препорака на г-ѓа Казу, сегашната почесна конзулка на Јапонија во Македонија, се определил за Универзитетот во Кобе.


Подготвила: Д. А.