Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЈОВАН БАЛОВ

Јован Балов, роден 1961 во Скопје, своето високо образование го стекнува во родниот град на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на факултетот за Историја на уметноста и Археологија и на Академијата за ликовни уметности.

Пред неполни две децении, поточно од 1995 година, живее и работи во Берлин каде што десет години успешно ја води проект-галеријата „Прима центар Берлин“. Како прв човек на галеријата, Балов пред берлинската публика има претставено 110 македонски уметници и со право може да се нарече амбасадор на македонската уметност во Берлин. Изминативе години во овој алтернативен простор се реализирани вкупно 150 изложби, на кои се претставени повеќе од 400 автори. Денес ова здружение има околу 30 активни проект-галерии и ателјеа, а во него членуваат околу 50 уметници.
Уметникот Јован Балов, кој веќе со децении е во врвот на модерната германска уметност, човекот кој уште пред две децении, на „РАИ УНО“ и „Дојче Веле“ (кои го сместија и меѓу најдобрите 50 успешни странски автори во Германија) му беше посветена документаристика за неговите дела кои тогаш со еден сосем нов и интересен симболизам ја освојуваше Западна Европа. Јован Балов е познато уметничко име за Холандија, Италија, Германија, Шпанија... 
 
Подготвила: Д. А.