Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

КИРИЛ ХРИСТОВСКИ

Проф. Др. Кирил Христовски повеќе од 15 години живее и ја надградува својата научна кариера во Аризона, САД. Како дипломиран инженер по хемија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 1998 година заминува на постдипломски студии на Државниот универзитет во Аризона. Откако магистрирал (2003) и докторирал (2007) сега е проф. асистент на Одделот за инженерство на Факултетот за технологија и иновации.

Најновиот проект на којшто е вклучен проф. Кирил Христовски е големо истражување за однесувањето на нано-материјалите и евентуалните последици по животната средина од нивната употреба во соработка со универзитетите Џонс Хопкинс, Дјук, Карнеги Мелон, Пердју, Јеил и други.
 
Подготвила: Д. А.