Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Тања Гилберт

 и ЏОРЏ KЛУНИ ОДИ НА ФРИЗЕР КАЈ ТАЊА ОД СТРУМИЦА

Македонката Тања Гилберт и Бугарката Невена Желева живеат во Чикаго и се едни од најпопуларните стилисти во градот. Тие заедно повеќе години раководат со еден од најпосетените салони за убавина во ветровитиот град каде три пати се потстрижувал и популарниот холивудски актер Џорџ Kлуни.
Тој е само еден од низата познати личности кои го посетуваат салонот Custom Hair Lounge. Тој се наоѓа во Линколн парк - еден од најелитните квартови во градот. Минатата година по пат на интернет-гласање на информативниот интернет-портал „Ситисрч“ салонот беше прогласен за најдобар во околината. 

Вешт шминкер

Тања Џи, како што ја нарекуваат, е квалификуван стилист за повеќе техники за потстрижување. Нејзината стилистичка работа во голема мера е инспирирана од љубовта и од искуството во модната индустрија. Во нејзиното портфолио стои дека фризурите ги создава во соработка со клиентите, да бидат погодни за носење и лесни за одржување кога ќе излезете од салонот. Таа исто така е вешт шминкер. Бугарката Невена Желева, пак, е експерт за машки фризури и ги диктира трендовите. Во нивниот салон работат 16 луѓе, од кои четворица се од Бугарија. Цените, иако вообичаени за тој реон, за нас се незамисливи. Потстрижување жени чини од 98 долари, па нагоре, а за мажи од 68 нагоре. За фенирање во нивниот салон треба да издвоите над 38 долари дополнително, а за фризура над 58 долари. 

Моминското презиме на Тања е Манева. Таа се преселила во Чикаго од Струмица каде што сé уште ѝ живее семејството и повремено се враќа дома да го посети. Во својата биографија со гордост го навела образованието во „Јоска Свештарот“ во Струмица. 

Студио во архитектонски споменик

Зградата во која е сместено студиото е прогласена за архитектонски споменик. Таа е една од ретките што опстанале по големиот пожар во Чикаго во 1871 година кога бил опустошен централниот дел на градот, а имало и над 300 жртви.