Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

ГОРАН РАЈЧИНОСКИ

Горан Рајчиновски е магистер по кинезиологија при Факултетот за физичка култура во Скопје кој од 2009 година живее и работи во Сиднеј, Австралија.

Веднаш по пристигнувањето во Сиднеј започнал да работи како инструктор по пливање. Негова цел била да напредува како тренер по пливање, но за тоа му беа потребни одредени сертификати. Со текот на времето ги завршил и воедно напредувал во работата. Задоволен е од досегашниот ангажман, бидејќи во Австралија ги има сите потребни услови како за лично така и за клупско унапредување и усовршување во пливањето. Работи како главен тренер по пливање во пливачкиот клуб "COSAC" ( City of Sydney Aquatic Club) при спортскиот центар "Ian Thorpe Aquatic Centre" во Сиднеј.
Минатата година имале двајца клупски пливачи кои настапауваа на Летните олимписки игри во Лондон.
За 2013 година проф. Рајчиновски ја доби наградата од „Swimming Australia Junior Excellence Achievement Award from Swimming Australia“. Оваа престижна награда се доделува на тренери на клубови кои се рангирани меѓу првите 30 на национално ниво во остварувањето, прогресот и развојот на младите категории на ниво на Австралија.
 
Подготвила: Д. А.