Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Ратко Јанев

Ратко Јанев е македонски научник и професор со светски углед во областите на атомската и нуклеарната физика, член на Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ)[1], професор и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти. Проф. Ратко Јанев е научник кој во Република Македонија има најголем број научни трудови во водечките мегународни научни списаниа[2]. Со над 600 научни трудови во мегународни списаниа со импакт фактор (SCIndex ili IF [3]) академик Ратко Јанев[4]е еден од најпродуктивните физичари во втората половина на двадесеетиот век во светската физика. проф. Ратко Јанев е држал позиции во Нобеловиот комитет (како предалагач на кандидатите за Нобеловата награда[5] за физика[6]во осумдесетите и деведестите години на минатиот век [7]) и претставува еден од најцитираните физичари во областа на атомската физика[8]. Ратко Јанев е, мегу другото, и добитник на престижната Хумболтова награда за физиката[9]. Ратко К. Јанев е роден 1939 г. во Сандански, НР Бугарија. Гимназија завршил 1957 г. во Скопје, а 1963 г. дипломирал на Електротехничкиот факултет(група техничка физика ) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 г. на Природно-математичкиот факултет, и потоа се вработил во Институтот за нуклеарни науки Борис Кидрич во Винча. Од 1966 до 1967 г. се наоѓа на специјализација на Ленинградскиот државен универзитет, каде што работел на својата докторска дисертација " Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири " која ја одбранил 1968 г. на Природно-математичкиот факултет во Белград. Д-р Ратко Јанев работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки Борис Кидрич во Винчаод 1981 г. Од 1969 г. држи курсеви на постдипломските студии на ПМФ во Белград (Отсек за териска физика), а 1970-73 г., а држел предавања по атомска физика на ПМФ во Скопје. Како професор-гостин држел предавања на повеќе европски и американски универзитети. Неговата научна дејност се одвива, главно, во областа на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемните дејствувања и судирните процеси меѓу атомските честици, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на заемното дејствување и судирните процеси меѓу атомските честици и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрена фузија. Покрај ова, неговиот научен интерес е насочен и кон некои специјални проблеми во астрoфизиката, физиката на јоносферата, на тешките јони, на јонските извори и др. Д-р Р. Јанев има објавено над 600 научни трудови во различни полиња од модерната физика, од кои најзначајните се од областа на атомските заемни дејствувања и судирните процеси, заемните дејствувања и судиирните процеси на атомските честици во цврсти површини, физиката на јонизираните гасови, гасните ласери и контролираната термојадрена фузија. Активно соработува со Скопскиот универзитет и со МАНУ и неговиот придонес за развитокот на науката во Македонија е исклучително забележителен. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во октомври 1988 година[10]. Ратко Јанев беше и претставник на Република Македонија во Мегународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, и прв мегународен функционер во мегународните установи во системот на ОН од Македонија[11], по осомостојувањето на Република Македонија. Под влиание на Ратко Јанев, како шеф на оделение на МААЕ за атомски информации, Македонија е осолвувана во званични технички документи (за прв пат во системот на ОН) со уставнотуо име Република Македонија[12].