Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

МЕРИ ЈАНКОВА

Kога петнаесетгодишно девојче за две секунди го урива македонскиот атлетски рекорд во трчање на 800 метри за жени стар повеќе од две децении, тогаш тоа е несекојдневен резултат. Kога, пак, истото тоа девојче таков забележителен резултат постигнува тренирајќи сама далеку од Македонија, во Kанада, добивајќи инструкции од својот тренер преку интернет, тогаш тоа доволно зборува за голем атлетски талент. А таква е токму Мери Јанкова, млада Македонка, која со своите родители веќе повеќе години живее и вежба атлетско трчање во оваа голема земја. Нејзината специјалност е трчањето на 800 метри и во оваа дисциплина на натпреварите во Kанада таа веќе постигнала забележителни резултати. Мери сега ја чека нов предизвик - настап на Балканското првенство во атлетика, кое наскоро ќе почне во Питешти, Романија, каде што ќе се натпреварува во категоријата на сениорите, иако сe уште има петнаесет години. Но, резултатите што таа ги постигнува досега и даваат шанса да се бори за повисок пласман.

Мери Јанкова престојува во Скопје каде што се подготвува за првенството заедно со другите членови на македонската атлетска репрезентација.