Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

ПЕТАР РИСТЕВСКИ

 

Македонецот Петар Ристевски кој е роден и израснат во Ливерпул - Австралија, веќе втора година по ред е советник во Советот на Општина Ливерпул, а беше избран за советник на локалните избори во 2012 година како кандидат на Либералната партија.
Тој планира да се кандидира повторно на следните избори.
Порано бил директор во Chan and Naylor, национално сметководство и управување со фирмата, а има 20 години работно искуство во сметководство, финансии и секторот за имоти.
Во 1998 година Петар Ристевски основа своја сметководствена фирма.
Тој, исто така е основач на Австралиско-Македонската стопанска комора во 2006 година и е национален претседател, а пак пет години подоцна беше избран да биде дел од одборот на Нов Јужен Велс во министерскиот советодавен комитет за македонската заедница. Тој е неизвршен претседател на Raptor Motors од 2005 година. 
Советникот Ристевски  има магистерски степен  од Универзитетот на Западен Сиднеј.