Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

ЈОСИФ ГРЕЖЛОВСКИ

Јосиф Грежловски-Гандето е роден во Љубојно, Преспа во 1945 год. Во периодот од 1964-66 год. бил запишан на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потоа се преселува во САД, каде до денес живее. Дипломирал на државниот универзитет Wayne State одсек биологија во Детроит. На истиот Универзитет завршува и постдипломски студии и се стекнува со титулата Master of Education. Се вработува како професор во средното католичко училиште Notre Dame во Harper Woods, Мичиген од 1972-1975 год. Потоа заминува за Флорида и продолжува да ја специјализира својата струка завршувајќи Specialist Degree на Nova-South-Easter University во Fourth Lauderdale. Денес работи како професор во средно училиште во Мајами, Флорида.

 Во 2002 год. ја издава својата прва книга на англиски јазик “Разликите помеѓу Античките Македонци и Античките Грци“. Во 2005 год. го објавува романот “One Golden Ray Upon the Rock“ ( Еден сончев зрак на карпата) и во 2006год. ја издава книгата “The Wolves of Trapper Bluff“ – изменета верзија на истата книга објавена во Скопје од Македонска реч. На македонски јазик ја објави збирката песни “Муабети“ во 2003 год., романот “Виделото на Спаса“ во 2004год., “Волците од Траперс Блаф“ во 2006год. и поемата “Ко јагне“ во 2005год.. Поемата “Мајка Егејка“ се уште не е објавена.
 Гандето е активен соработник на електронското списание American Chronicle каде што има објавено преку 25 написи.