Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ПАВЛЕ МИЉОВСКИ

 

 

 

Станува збор за уметник кој е роден 1940-та година во Ресен, Македонија. Своето детство го поминал во ова живописно место покрај Преспанското Езеро. По завршувањето на средно училиште тој заминал во Загреб на студии по шумарство, а по завршувањето на студиите се вработил на Шумарскиот факултет во Загреб, каде што работел сé до неговото пензионирање во 2005-та година.

 

Павле Миљовски е член на македонското културно друштво „Охридски  бисер“ од Загреб, а со уметничка фотографија интензивно почнал да се занимава од 1995-та година. Мотивите во неговите фотографии се поврзани воглавно со шумскиот пејзаж, но го интересира и урбаната средина. Покрај шумските предели тој е фасциниран и од дрвените градби: приземјата, чардаците, дрвените цркви и капели, селските куќички и дворови.

Павле Миљовски како страствен вљубеник во природата преку своите фотографии ни ја пренесува приказната за некогашната неразделна врска меѓу човекот и природата, но и минатото и традицијата.