Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЕЛЕОНОРА АПОСТОЛОВА

Елеонора Апостолова е родена во 1957 година во Неготино, Македонија. Матурирала на Средното училиште за применета уметност и дизајн во Загреб, Оддел за текстил, во 1978 година, а дипломирала на Факултетот за текстил технологија во Загреб во 1983 година.

Неодамна имаше изложба во Загреб, на која авторката презентираше текстилни дела-декоративни ткаења, штофови од чиста волна, прекривачи, завеси, покривки, шалови и така натаму. Делата се изработени од природна волна, памук, вискоза и лен.
Со текстилната уметност –ткаење со декоративен текстил, Елеонора се занимава повеќе од 25 години.
Таа ткае рачно, користејќи природни материјали (природна, непредена волна, вискоза, лен, памук), а инспирацијата ја наоѓа во традиционалното творештво и геометриските форми.
Денеска таа живее и работи во Загреб.