Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

КЕВИН КУЗМАНОВ

Кевин Кузманов е претставник на третата генерација Македонци доселени во САД. Триесет и едногодишниот Македонец е роден во Њупорт Бич, Калифорнија. Љубовта кон бејзболот, кој не е типичен за нашите простори, ја наследил од својот прадедо Томе Кузманов, кој важи за еден од легендарните судии во бејзбол во 20-тите години од минатиот век во околината на Чикаго.

Иако никогаш не ја посетил Македонија, не го заборава своето потекло. Во интервјуата на американските медиуми постојано им посочува дека е Македонец, поради што е познат под псевдонимот „Македонска машина“.
Бејзболот станува хоби на Кевин Кузманов во средношколските денови. На 21-годишна возраст се запишува на Универзитетот во Арканзас, каде што почнал да тренира за тимот. Не било потребно многу време за да се издвои како исклучително талентиран десен фрлач. Од универзитетско хоби, бејзболот му станува професија. Од јануари 2014 потпиша договор со тимот на „Канзас сити ројалс“.
„Македонската машина“ е еден од четворицата професионални играчи што успеале да направат гранслем-хоумран при првото топче упатено кон нив во сезоната. Тоа прво му успеало на Бил Даглби во 1898 година. За да после цели 107 години (2005) му успее на Џереми Хермида, а само една година подоцна 2006 истиот гранслем го постигне и Кевин Кузманов.
 
Подготвила : Д. А.