Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

ФИЛИП ПИВКОВСКИ

Филип Пивковски е новиот фудбалер во македонскиот репрезентативен состав до 21. година. Неговите родители се од село Могила (битолско), а Филип е роден во Малме, Шведска.

За младинските репрезентативни состави на Шведска има одиграно повеќе од 45 натпревари.

Поранешниот фудбалер на Малме и Блекбурн, а актуелен член на италијанска Новара“, ќе дебитира за македонската селекција предводена од Благоја Милевски на натпреварот Македонија – Романија на Националната арена во Скопје.

Филип започнал да тренира фудбал во локален клуб од Малме, БК Ванген пред да му се приклучи на славниот шведски клуб Малме. Со 15 години заминува во Англија, во поранешниот англиски шампион Блекбурн.

 

Подготвила: Д. А.