Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ГОРАН БОЈЧЕВСКИ

Може да застане на сцената како солист со реномирани европски оркестри или во клуб со неговиот бенд „Kабадајас“, а веќе следниот ден негова целовечерна свита да биде изведена на еден од најпрестижните музички универзитети во светот. Горан Бојчевски е вљубеник во класичната музика, но патува и низ етномузиката, џезот, балканската музика. Негова страст е и компонирањето. Тој е Битолчанец со втор дом во Целје и првиот Македонец кој магистрира со највисоки оценки на престижниот „Моцартеум“ во Австрија. Токму оркестарот на овој универзитет премиерно го изведе неговото дело „РАУМ 4023“.
Бојчевски објаснува дека професорот Алоис Брандхофер во Салцбург го открил талентот за компонирање кај него и уште додека студирал почнал да компонира. 
Б
ил почестен што имал можност да напише дело за нивниот оркестар. За овој проект биле
поканети 10 најуспешни композитори од цела Европа како Теодор Буркали и Kристијан Офенбауер. 
Тој додава дека македонскиот темперамент како змија се извива околу неговиот инструмент и неговите композиции. 
Во Целје веќе си има создадено база. Таму беше изведено и неговото прво композиторско дело „Балкански портрети“ кое е прогласено за концерт за 2011 година во Словенија. 
Тој свири на повеќе инструменти, но вели дека всушност свири на еден инструмент, кој произлегува од него, а тоа е музиката. Тој инструмент, додава Бојчевски, бара огромна посветеност, во секој момент на денот.
Соработува со кореографот Игор Kиров на музиката за балетот „Хе, хе, Хелиум“
, а веќе работи на нов проект со авторска музика „Четири годишни времиња“ која ќе биде искористена за балет во Австрија.

Марина Лазаревска (преземено од „Дневник“)

Подготвила: Д. А.