Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

МАРИЈА ПАВЛОВСКА

Родена е во Скопје, дел е од њујоршката уметничка сцена, има изложби во Париз, а на нејзините дела неодамна се воодоошевуваше и џет сетот во Мајами каде изложуваше со најголемите имиња од светот на уметноста..
Веќе три години Павловска е дел од една од најиновативните модерни уметнички центри во САД The Contemporary Art Center MANA , каде има и свое ателје, а нејзините "соседи" во МАНА се Karol Armitrage, кореографката на Мадона и Бијонсе, фотографот на Наоми Кембел, Sante D' Orazio, легендарниот њујоршки архитект Richard Meier...
А се започна од талентот откриен уште од најрана возраст...Уште во основно училиште првите награди на натпреварите за сликање и цртање беа нејзини. Била најмлад магистер на ФЛУ, а моментално завршува и докторат.
Во 2007 на конкурсот на Министерството за култура била одбрана да ја претстава Македонија со самостојна изложба во Gallery MC во Њујорк. Таму добив понуда за соработка со две други галерии на Менхетн, а соработката трае до денес. Оттогаш нејзината кариера оди само во нагорна линија...
Во 2012 е добитник на престижната награда од Ситибанк Њујорк, самостојна изложба во нивната галерија на 5. Авенија. Така македонски автор-стана дел од њујоршката сцена!
Од 2011 таа има и ателје во The Contemporary Art Center MANA во Њујорк. Институција која е една од најиновативните модерни уметнички центри во САД. А таму, како што вели, конкуренцијата и борбата за опстојување е огромна. Сепак, и покрај едногодишно реаплицирање за овој простор, таа е треата година во МАНА. MANA Contemporary центарот прво беше отворен во Њујорк, во 2013 во Чикаго и 2014 во Мајами. Следниот отварање на овој центар се планира во Лос Анџелес. Всушност големото претставување - отварање на МАНА во Мајами беше на овогодинешниот Art Basel Miami. Во огромните простории ( поранешни филмски студиа), сега МАНА , претставени се 3 изложби. Во рамките на една од нив насловена "Monumental“ беа нејзините дела одбрани во група од 17 автори.
Со оглед на нејзината активност, одржани голем број изложби и добиени награди, ја претставуваше Македонија во Виена, Париз, Берлин, Нјујорк, Софија...
(превземено од „Вечер“)
Подготвила Д.А.