Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

КРИС ТАНЕВ

Кристофер Крис Танев има македонско потекло, иако е роден во Канада и е еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ , која е најсилна хокеарска лига на планетата.
Неговата приказна е интересна и потврдува дека со многу труд може да се достигнат и највисоките цели. Танев на 16-годишна возраст беше елиминиран од тим што се натпреваруваше во локалната лига во Торонто, а причината беше „недостиг од височина и потребна тежина“ за играње хокеј.
Сепак Крис не се откажа, вели дека премногу го сака хокејот и докажа дека со упорност може да игра и во најсилната лига на светот, во НХЛ. И тоа во еден од најдобрите тимови на планетата, Ванкувер Канукс, со познати имиња во хокејот како што се браќата Седин, Врбата, голманот Милер….
Танев е дури и дел од првата постава на Канукс, моментно третопласираната екипа во западната конференција. Досега „собра“ шест поени во 21 меч. Крис има само 24 години и пред него се уште многу сезони со предизвици во една од најсилните професионални лиги во сите спортови.
 
(преземено од „Република“)
 
Подготвила: Д. А.