Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

ИГОР ЦВЕТКОВСКИ

Македонецот Игор Цветковски е назначен за главен судија во BC Soccer premier League, една од најелитните фудбалски лиги во Канада од која многу познати клубови од САД и Канада (МЛС) добиваат засилување во своите редови.

Игор Цветковски е запишан и како прв македонски судија кој судел во престижната американска МЛС лига.
Со препорака и одлука на Канадската фудбалска федерација и Фудбалската федерација на British Columbia, Игор е именуван за нов судиски менаџер во една од најелитните лиги на територијата на Канада.
Во образложението на Генералниот менаџер на BC Soccer Premier League, Мет Холбрук, објавено на нивната веб страница, се вели дека Игор како инструктор и оценувач во судиската програма на BC Soccer premier League и со неговото искуство како судија на национално и интернациоинално ниво, е вистинскиот избор.
Македонскиот судија како нов судиски менаџер ќе делегира судии за сите натпревари, а ќе биде и нивен ментор. Цветковски ќе има можност да формира перспективни група на судии која ќе работи исклучиво под негов надзор, ќе има соработка со контролорите, како и тесна соработка со Судискиот коитет околу унапредувањата на одредени судии.
По само петмесечен прстој во Канада, Цветковски дебитираше како четврти судија, на дуелот меѓу Њујорк Ред Булс и Ванкувер Вајткепс (1-4), натпревар кој го следеа 25.000 навивачи. За Игор ова беше дополнително позначајно знаејќи го фактот дека во Северна Америка има вкупно 145.000 регистрирани  судии, а тој беше одбран меѓу 60-те најдобри.
Превземено од „press 24“
Подготвила: Д. А.