Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

КРСТЕ РОЏЕВСКИ

Д-р Роџевски е лиценциран психијатар и клинички асистент професор на Њујоршкиот Универзитет, поточно на Медицинскиот факултет. Роден во Битола, дипломирал медицина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. За време на својата медицинска наобразба, учествувал во програмата за размена на Универзитетот во Сао Паоло, Бразил, преку Меѓународната федерација на студенти по медицина, а бил и претставник на Генералното собрание на европската медицинска студентска асоцијација во Амстердам, Холандија.

Д-р Крсте Роџевски добил двегодишна стипендија и успешно ја завршил за истражување на Одделот за психијатрија на Универзитетот Колумбија, истражување на невропатолошки карактеристики на психијатриски нарушувања во проект поддржан од страна на Националниот институт за ментално здравје. Тој ја завршил својата специјализација на психијатрија при Св. Лук Рузвелтовиот болнички центар – на Универзитетот „Колумбија“, каде што е сега помошник дитектор.
Психијатријата му е професионална определба, додека музиката животна пасија уште од детските денови минати во родната Битола. Свирел мандолина уште во основно училиште, а потоа бил самоук гитарист. Во Њујорк не свирел десетина години, за да сега повторно се наврати на својата незгасната љубов кон музиката. Неодамна беше гостин (пејач) со неговиот прекрасен вокал на концертот на Дуке Бојаџиев во Скопје. Во иднина планира да издаде албум со негови композиции, македонски текстови обликувани со американска звучна естетика, со музичари од њујоршката даунтаун-сцена.
 
Подготвила : Д. А.