Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ОРДАН РИСТЕСКИ

Ордан Ристески уште во 1969 година заминал од Македонија. Имал само 18 години кога се збогувал со роднините, блиските и другарите од сокаците во градот под Марковите Кули. Повеќе од четири децении живее во Франкфурт на Мајна. Во Германија основал семејство и веќе е пензионер.
Љубовта кон музиката и песната го следи од млади денови, а со неа ја лечи носталгијата кон родната земја. Настапувал, речиси, на сите фестивали низ Македонија, културни средби во Германија, па дури имал можност да им запее и на Македонците во Мелбурн.
„Татковината треба бескрајно да се сака“, вели Ордан, затоа неговите двајца синови одлично го говорат македонскиот јазик.