Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ЛЕЈЛА ЗОЕ

Лејла Зое се смета за една од најдобрите канадски блуз-вокалистки, а музичката критика честопати ја споредува со големата Џенис Џоплин, пред се, поради емотивниот начин на пеење и сценскиот настап.
Лејла е родена во Британска Колумбија, Канада во доцните 70-ти години. По потекло е од Егејскиот дел на Македонија, додека нејзиното семејно презиме е Ставров. Љубовта и страста кон блузот и ја всадил нејзиниот татко, кој што имал сопствен бенд, со кој првпат Зое настапила на својата 14-годишна возраст.
Редовно настапува во Канада, а последниве години ја освојува и европската музичка сцена со многубројните настапи на најреномираните европски блуз-фестивали во Германија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Полска, Чешка, Австрија и скоро во Холандија и Англија. Со неа настапува германскиот гитарист Хенрик Фреихладер, кој е продуцент на нејзините два албума. Со седум албуми, Зое денес се вбројува во најдобрите вокали на светската блуз-сцена.
Во својата кариера таа има настапувано со познати имиња од блуз-сцената, меѓу кои Бади Гај, Џеф Хејнли, Доктор Џон, Џо Бонамаса и многу други.
 
Подготвила: Д. Ангелова