Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Нина Геометриева

 

 

 

 

Македонката Нина Геометриева меѓу 26 топ жени-дизајнери

 

   

Македонската дизајнерка и фотографка Нина Георгиева, или попозната како Геометриева се најде во тесниот избор на топ 26 жени-дизајнери што работат денес на престижниот веб-сајт 216digital.com. Таа е претставена како „ѕвезда во подем во фотографијата, графичкиот дизајн и брендирањето. Нина Геометриева, е можеби најпозната наша дизајнерка во светот, иако македонската јавност допрва ќе чуе за неа.

- Таа носи силно чувство за геометрија во својот дизајн, исто како и во нејзиниот фотожурнализам - вели авторот на текстот.
Според него, најневеројатно дело на Геометриева се вчудовидувачките фотографии на Токио, кои ги продуцирала заедно со Дамјан Цветков-Димитров - вклучувајќи ги и фотографиите на хотелот-капсула во Токио, „Накагин таур“.


„Токио од иднината“ е насловена серијата фотографии на Нина и Дамјан, кои моментално живеат во Сингапур. Со минимална палета на бои и многу фини текстури, тие го доловиле овој град не само како изваден од филмски сет туку како пример за сајбер-панк град, кој навистина може да постои.


- Порано, како и во сѐ друго, дизајнот беше професија во која доминираат мажите. Денес жените-дизајнери го менуваат лицето на дизајнот со своите неверојатни иновации. Во 216digital сите сме познавачи на дизајнот и се обидуваме да го осовремениме размислувањето за дизајнот. Го држиме пулсот на дизајн-индустријата и забележуваме кога некој креира нешто восхитувачко. Во овој блог-пост сакавме да проговориме за нашите омилени жени-дизајнери и за нивната работа. Во нивните портфолија има неверојатно многу иновации. Во дисциплините како што се графички дизајн, илустрација, типографија и многу други, овие 26 дизајнерки ги поместуваат границите на конвенциите и креираат нови визуелни експресии. Не се рангирани според квалитетот, сите се одлични и ниедна не личи на друга - велат авторите на веб-страницата.
Меѓу 26-те дизајнерки, покрај нашата Нина Геометриева, се: Јиани Лу, Фани Олунд, Тереза Сдралевич, Фанет Мелиер, Ана Куц, Мерцедес Базан, Кристина Пагнончели, Су Доексен, Марта Велудо и др.
Геометриева работи заедно со Дамјан Цветков-Димитров, познат и како дизајнер на игри и со посебен интерес за интернет-култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.