Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Флорије Јусуфи

Флорије Јусуфи е родена во Кичево, Македонија. На едногодишна возраст, нејзините родители се иселиле во Швајцарија. Основното образование го завршилa во Мenziken (Кантон Ааргау) и гимназијата во  Beromünster (Кантон Луцерн). Потоа од 2003 г. до 2009 година студирала медицина во Универзитетот во Базел, каде што докториралa (звање Д-р мед). Пред една година успешно го поминалa испитот  за специјализација по Анестезиологија. Досега работела четири години на Одделот за Анестезиологија во Кантоналната болница во Луцерн и една година во Центарот за итни интервенции во Болница Obwalden во Сарнен. На одделот за анестезиологија во Луцерн стекнала големо искуство како докторка „Notärztin“ во итната помош. Нејзиното неколкугодишно искуство во Центарот за итни интеревенции и помогнало да се пробие во „Swiss Air Ambulance Rega“.