Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Бесим Џелили

Бeсим Џелили е роден на 11 февруари 1977 година во Тетово. Пораснал во село Пршевце каде завршил основно образование. Средно образование завршил во Тетово, а потоа продолжил со студии на Тетовскиот универзитет но по првата година ги прекинува студиите. Во 1996 година ja објавил првата збирка со поезија “Eмоции”. Во овој период се занимавал со книги, весници и радио станици, уредувајќи ги програмите и објавува во тогаш неговиот весник “Венера”. Oд 1998 година се преселил на постојан престој и работа во Виена, Австрија, каде  живее и работи до ден денес. Во 2006 година продолжил со студиите на виенскиот универзитет кои ги прекинал пред време. Во 2007 година ја објавил втората збирка со поезија “Јас во твоите очи”. Во 2011 година заедно со други творци Албанци го основа Сојузот на Албански писатели и творци во Австрија "Александер Моисиу”, со седиште во Виена. Активно учествува и придонесува во различни активности од областа на културата и книжевноста во Австрија. Во 2012 година ја објавил третата збирка со поезија “Смрзнати балади", и е претставен со својата поезија во првата антологија на Албанци творци и писатели кои живеат и творат во Австрија, под наслов“Илирикум”. Во 2013 година ја објави четвртата збирка со поезија “Меѓу цвеќињата и солзата” и е претставен со својата поезија  во антологија на Албанци творци и писатели кои живеат и творат во Австриј, овој пат објавена на германски јазик. Даде голем придонес во основањето на Сојузот на албанските творци во дијаспората. Пред извесно време ја објави петтата збирка со поезија “Бесa” и неговиот прв роман “1803”, изданија кои се очекува оваа година да бидат објавени на германски јазик. Од оваа година, г-дин. Џелили е член на австрискиот ПЕН клуб, (дел од Меѓународниот сојуз на писатели, есеисти и новелисти). Моментално продолжува со студии по Филозофија на виенскиот универзитет. Работи како возач на трамвај во Виена, исто така врши разни комјутерски и графички услуги. Џелили е женет и има три деца.