Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Коста Миновски

 Сопственик на најпознато такси во Загреб е Mакедонец

Коста Миновски е првиот претприемач во Хрватска која ја искористил либерализација на такси пазарот во Хрватска за да основа такси компании во Ријека, Осијек и Загреб. Но, освен тоа тој е сопственик и на единствениот македонски ресторан во Загреб кој го носи името Св. Никола.

 

Станува збор за Македонец од Риека, сопственик на фирмата „Такси камео“, која има свои возила во Загреб, Риека и во Пула. Миновски уште пред да дојде во Риека и стане хрватски државјанин, 12 години престојувал во Виена, каде што работел во такси-браншата. Неговиот „Такси камео“ понуди возење до пет километри да се наплатува околу три евра, а релација до десет километри - шест евра, со тоа што неговите возачи би можеле истовремено да „соберат“ и две-три муштерии што одат во слична насока. За споредба, сегашните таксисти наплатуваат на самиот старт три евра, а потоа, секој следен километар по две евра, што стана неподносливо за хрватскиот стандард.

Животна приказна

Во период кога просечната плата во Македонија се движеше помеѓу 200 и 300 евра, а најмногу заработуваше келнерот кој работеше сезонски, и токму и тоа го работел во Хрватска. Но, таа работа носела приходи само во текот на летната сезона.

Во потрага по нешто повеќе заминал во Виена каде што работел како такси возач и буквално го учел занаетот. Потоа се обидел да отвори такси компанија во Македонија, но нискиот стандард на Mакедонците за жал бил пресуден бизнисот брзо да се затвори. Веднаш потоа дефинитивно се преселил во Хрватска каде што основал ланец на ресторани за брза храна. Неговиот животен сон бил такси бизнисот, по што во 2006 година целиот капитал го вложува во една таква компанија која што носи револуција на пазарот.  До тогаш такси дејност вршеле само индивидуални таксисти.

 

Бизнисот го започнал со 12 возила и еден минибус. И со тоа започнала револуцијата на такси пазарот во Хрватска. Брендот Камео позади кој стоел Миновски наеднаш добил голема популарност, а телефоните во телефонскиот такси центар не запирале од ѕвонење.

Во 2014 година бизнисот го препушта на синот Владимир Миновски.

Денес Камео е групација која во себе опфаќа неколку компании кои нудат услуги поврзани со такси дејноста.

Македонско знаме на улиците во Загреб

Денес сеуште во Загреб се памети денот кога на улиците во Загреб се појавиле такси возила кои на себе го носеле македонското знаме. Сите со чудење гледале и не можеле да разберат што се случува. Позади овој несекојдневен потег стоел Коста Миновски, сопственикот на Камео такси. Со цел да ја промовира Македонија во Хрватска тој наредил сите возила да се брендираат со македонско знаме. Македонците кои што живеаат во Хрватска раскажуваат дека вистинска гордост било да си Македонец и да живееш таму. Вистинско патриотско чувство кое што ретко се доживува во странство - велат тие.

Ресторан Св. Никола во Загреб

Коста Миновски од 2014 година е сопственик на македонски ресторан во Загреб. На отворањето на објектот присуствал и градоначалникот на Загреб, кој го прогласил за отворен. Освен со македонскиот амбиент, ресторанот изобилува и со врвна македонска гастрономска понуда. Така на менито може да се најде секаков вид на јадења  со телешко, пилешко и јагне­шко месо, охридска пастрмка и разни специјалитети како што се турли тава, пастрмалија, тавче гравче, сарма од лозов лист, мусака, полнети пиперки, пилешки прсти со сусам, баница, зелник, похован кашкавал, секаков вид на сирења, шопска салата, таратор, пинџур, но и добро македонско вино.