Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Кирил З`мбов

Кирил З’мбов е роден 1931 г. во Кочани. На ПМФ во Белград студирал физичка хемија и дипломира 1955 г. а од 1954 г. бил вработен во Институтот за нуклеарни науки * Борис Кидрич * во Винча.

Дипломската работа му била од областа на хемијата на стабилните изотопи и масената спектрометрија, а докторската дисертација од областа на површинската јонизација, која ја одбранил 1963 г. на ПМФ во Белград.

Во Институтот за нуклеарни науки * Борис Кидрич * во Винча работи како виш научен соработник и директор на Лабораторијата за физичка хемија, каде што раководи со истражувањата од областа на стабилни изотопи и масена спектрометрија. Повеќепати престојувал во странство работејќи врз истражувања од таа област и бил раководител на повеќе научно-истражувачки проекти.

Стручната активност на д-р Кирил З’мбов во областа на аналитиката на нуклеарните материјали е посебно врзана за развојот на масено-спектроскопските методи на изотопска анализа на уранот, борот и деутериумот. Поради непогодноста на користење на гасовитите соединенија на уранот и борот, тој развил посебен извор на површинска јонизација, која ќе овозможи изучување на механизмот на процесот и оптимизација на условите за зголемување на ефикасноста на методата. Заедно со унгарскиот научник И. Опауски вовел графитирање на јонизирачките површини за зголемување на ефикасноста на монизацијата на уранот.

Од научната активност на д-р З’мбов потекнале ред технички реализации, оригинални по концепцијата и изведувањето. Неговите научни резултати се објавуваат во угледни домашни и странски публикации, а некои од неговите решенија спаѓаат во редот на најсовршените од тој тип во светот. Тој активно учествува и во научните дејности на научните институции во Р. Македонија, соработувајки на повеќе научни проекти.

За член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избран во октомври 1988 г.