Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Воислав Вузевски

Воислав Вузевски е роден во Кладово, Република Србија во 1932г. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1969г. Специјалистички испит по патологија положил во 1976г. на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во текот на 1966 и 1967г. д-р Вузевски користи стипендија на американската влада и престојува во Питсбург, Пенсилванија, каде што ја изучувал примената на електронската микроскопија во клиничката и експерименталната патологија. Во 1976г. ја обранил докторската дисертација Ultrastructural Basis of Acute Renal Allograft Rejection” на Еразмус универзитетот во Ротердам, Холандија.

Од 1969г. е вработен на Институтот за клиничка патологија на Еразмус универзитетот, како виш научен соработник. Во 1980г. е унапреден во академиското звање Associate profesor. На Универзитетот раководи со Одделот за дијагностичка електронска микроскопија. Во 1990г. е избран за професор на Медицинскиот факултет во Белград.

Научната активност на проф.Вузевски го опфаќа полето на примената на електронската микроскопија во клиничката и експерименталната медицина. Потесната област на научноистражувачката активност сврзана е со проучувањето на хистогентското потекло на туморите, нивното биолошко однесување: диференцијација на туморските клетки, композиција на цитоскелетот и меѓуклеточниот матрикс, адхезионите клеточни молекули и нивната улога по однос на инвазивните метастатски склоности на туморите. Проф. Вузевски дал целосен опис на ултраструктуралната морфологија на туморите на периферните нерви; преглед на компаративните електромикроскопски одлики на миксоидните тумори на меките ткива; потполна хистолошка слика на промените во крвните садови кај две слични васкуларни заболувања на кожата и сл.

Своето богато научно искуство проф.Вузевски го има презентирано во повеќе од двеста научни и стручни трудови објавени во странски и домашни списанија. Автор или коавтор е на повеќе монографии и тоа: “Ultrastructural Basis of Acute Renal Allograft Rejection”, “Diagnostic Histopatology Kulit”, “Хистолошки атлас“ и други.

За член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избран во јуни 1997година.