Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Пеце Наумоски

КАРАТЕ - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО АНГЛИЈА

Иако Австралиец Пеце Наумоски го развиори македонското знаме.

Десетгодишниот Пеце Наумовски е новиот светски првак во карате. Во конкуренција на деца до 10-годишна возраст, во дисциплината ГКР, тој успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство што се одржа на почетокот од месецот.

Десетгодишниот Пеце Наумовски е новиот светски првак во карате. Во конкуренција на деца до 10-годишна возраст, во дисциплината ГКР, тој успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство што се одржа на почетокот од месецов во Бирмингем, Англија.

Пеце ја освои титулата во конкуренција од 300 натпреварувачи од Англија, Сад, Нов Зеланд, Австралија и други држави. Кога го добил златото, Пеце, иако ја претставувал Австралија, го развиорил македонското знаме, што многу ги зачудило новинарите. Трчале по него и го прашувале од каде сега тоа знаме и која е таа земја. Но, тој им кажал дека ја претставува Австралија, но дека е Македонец.

- Никогаш не сум бил во Македонија, но ја носам во срцето и моја најголема желба е да дојдам во мојот роден крај и еден ден да ја претставувам Македонија. Се надевам дека јас и моите родители наскоро ќе дојдеме и ќе го посетиме охридското село Свињиште, каде што се родени тие - рекол малиот Пеце за радиото "Илинден", македонско радио во Мелбурн, Австралија.

И покрај големата радост на Пеце, сепак, не му било лесно на натпреварот. Во неколкуте борби тој загубил само два поена поради недозволен контакт со противникот. Исто толку радосен е и неговиот татко, Васко, кој вели дека Пеце, како натпреварувач од Австралија, бил претставен со големи почести, како еден од 120-те нејзини претставници. Тој вели дека неговиот син покажал интерес за каратето пред две години, а тогаш почнал и со редовните тренинзи. Минатата година се закитил со титулата државен првак, а со тоа му била отворена и вратата за учество на Светското првенство.

- Ги следам неговите желби и соништа. Пријатно сум изненаден од одговорот на македонските бизнисмени, кои многу ни помогнаа за Пеце да патува, а ние ја оправдавме довербата. Тој секоја година има по четири натпревари во Австралија и пред крајот на годината се организираат квалификации, кои мора да ги помине за да оди на понатамошните светски првенства по две години. - вели Васко, таткото на шампионот.

Пеце е најмладиот спортски амбасадор на македонската заедница во Австралија. И тие се надеваат дека тој еден ден ќе ја запознае земјата на своите родители и ќе ја претставува со гордост, онака како што му прилега на еден светски шампион - Македонец.